Штерјова: Левица не гласаше за минимална плата од 600 евра, не влегоа ниту во собраниската сала

Левица не гласаше за минимална плата од 600 евра. Не влегоа ниту во собраниската сала. Токму на Светскиот ден на пристојна работа, истакна на прес-конференција Кети Штерјова советничка на Град Скопје.

„Лажна лева партија која работи под десна наредба, спутник на арамијата. Партија на далечинско која одработува само за потребите на Мицкоски.

Анти-ЕУ, анти-НАТО, анти-Америка. На крајот испадна и анти-плата, анти-работниците.

Не гласаа за минимална плата од 600 евра заедно со ВМРО, ЗНАМ, ВЛЕН.

Уште еднаш се потврди. СДСМ е единствена вистинска опозиција која искрено се бори за работниците, за граѓаните и против криминалот на арамијата Мицкоски“.

Левица, додава таа, работи само под десна команда.

„Исто како Платромата ЗНАМ 2.0 кои седнаа заедно со Левица.

Јавно лажно се претставува како заштитник на работниците а во Собрание ги остава пред врата“.

Работниците, оценува Штерјова, не можат да врзат крај со крај, синдикалната кошничка е над 90 илјади денари, не можат да ги платат сметките ама за Левица тоа е неважно.

„Сега работниците знаат кој е на нивна страна а кој е на страна на Мицкоски. А знаат и граѓаните.

СДСМ ќе продолжи да се бори за поголема минимална плата.

Работниците заслужуваат достоинствен живот“.

Текстот (Видео) Штерјова: Левица не гласаше за минимална плата од 600 евра, не влегоа ниту во собраниската сала е превземен од МАКФАКС.