Два нови моста ќе се градат во Штип – едниот кај бања Кежовица, другиот меѓу Баби и Балканска

Два нови моста ќе се градат на реката Брегалница во Штип. Едниот ќе биде дел од новата обиколница кај бањата Кежовица, а вториот ќе ги поврзе населбите Баби и Балканска. Со овие проекти треба да се подобри сообраќајната поврзаност и да се олесни движењето низ градот. Како што потенцираше градоначалникот Иван Јорданов, паралелно е предвидена и санација на постојните мостови на Брегалница и Отиња. Дел од градежните работи треба да започнат веќе наредниот месец.

,,Освен санацијата на мостовите на река Брегалница и река Отиња, планирани се изградба на два нови мосота на река Брегалница. Едниот очекувам во текот на следниот месед да започне веќе да се гради, тоа е мостот на река Брегалница кој ќе биде породолжение на обиколницата која се гради и вториот мост за кој што ќе се распише тендерска постапка е мост на река Брегалница, кој ќе има сообраќајно решение да ги поврзе двете населби Баби и Македонка, односно Балканска. Така да во периодот кој што ке следи задоволен сум што на територија на Општина Штип се ќе се работи како никогаш досега.“, рече Јорданов

Јорданов вели дека се прави проверка на сите мостови во Штип преку ИЗИС, за да се види во каква состојба се и навреме да се реагира ако треба. Според него, ова е превентивно и не значи дека мостовите се небезбедни, туку дека се работи одговорно и навремено.

Како ретко кога претходно, oдлучивме да направиме инспитување на статиката преку ИЗИС на сите мостови на територија на Општина Штип за да превентивно делуваме и да имаме точни податоци каква е состојбата на сите мостови. Секако дека ова се активности кои во моментот течат. Како ги добиваме информациите, така постапуваме и овие активности кои се превземаат се практично координирани со информациите кои што ги добиваме. Ова не значи дека треба да се создаде паника и дека мостовите се небезбедни, туку мораме мораме превентино навремено да делуваме, затоа што така постапува една одговорна локална власт.“, вели Јорданов

Штипскиот градоначалник апелираше на трпеливост додека се изведуваат градежните работи на овој мост на реката Брегалница, а сообраќајната сигнализација ќе ги насочува каде да се движат.

Иван Митев, М-Нет