Шкендија Арачиново го промовира Сухејб Рушити како ново засилување

Фудбалскиот клуб Шкендија Арачиново официјално го претстави новото засилување во своите редови. Станува збор за Сухејб Рушити, кој ќе го носи дресот на клубот во продолжението од сезоната.

Рушити настапува на позицијата дефанзивен играч од средниот ред и се очекува да донесе стабилност, тактичка дисциплина и потребна рамнотежа во играта на екипата. Последно беше дел од составот на Слога Виница, каде забележа солидни настапи и професионален пристап на теренот.

Од клубот му посакаа добредојде на Рушити и му посакаа многу успех и квалитетни настапи во дресот на Шкендија Арачиново.