
Утре ќе се одиграат натпреварите од 13. коло на Третата фудбалска лига – Север, а во кое лидерот Шкендија Арачиново како голем фаворит ќе го пречека Аеродром.
БВК Коњаре ќе игра дуел од средишниот дел од табелата против Башкими Љуботен, каде трите бодови се важни и за двете екипи кои сакаат да фатат приклучок за првите пет места.
Ланскиот шампион Куманово дома ќе игра против последнопласираниот Њу Старс каде новиот третолигаш под притисок ќе бара триумф за прогрес на табелата и излез од опасната зона.
Дуел од долниот дел на табелата Пчиња ќе игра против Академија Илинден, каде се очекува неизвесен меч во обид на новиот третолигаш да дојде до нов триумф, а пак гостинот да се врати на победите.
Поранешниот второлигаш Кадино ќе игра против новиот третолигаш Ржаничино, поранешниот прволигаш Еуромилк ГЛ ќе бара рехабилитација после големиот пораз во претходното коло од Фортуна против Беса Влазрими.
Риниа на домашен терен ќе има тешка задача против фаворитот Фортуна.
Александар Ванев, М-Нет