Шкендија Арачиново го декласираше Аеродром со ШЕСТ погодоци!

Лесна и висока победа за лидерот Шкендија Арачиново откако како голем фаворит со 6:1 славеше над Аеродром во воведниот натпревар на 13. коло во Трета лига – Север.

Еркан Шаип, Бујар Иљази и Фатмир Ариф беа стрелци во првиот дел, во вториот дел Артан Чилафи си даде автогол, резултатот беше 3:1, а потоа Џавид Мамути, Шуајб Алити и Аљмир Цаколи ги поставија конечните 6:1.

Денес ќе се комплетира 13. коло во Трета лига – Север со останатите натпревари.

Александар Ванев, М-Нет