
Шестмина изведувачи од вчеравчер, ќе пеат и вечерва на втората фестивалска вечер на Макфест. За нив одлучуваше стурчно четиричлено жири, а гласаше и публиката. Вечерва на сцената на Макфест ќе настапт 20 изведувачи, а крајот е резервиран за Антонија Гиговска со песната „Жена“ која беше прогласена за најслушана песна изминатата година.
„Шест од нив влегоа во втората вечер. Тоа се Катерина Јовановиќ, Дорис Ди, Дино Периќ, Елена Наумова, Ашвар и Стефан Ефремов. Вечерва ќе имаме 20 изведувачи сместени во четири блока.“ – вели Јованов.
Оваа година за првпат на Макфест се слушаат нови песни, како дебитантските од вчеравчер, но и хитови од деведесетите години.
„Имаме изведувачи кои се под 20 години, а утре на ревијалната вечер ќе имаме изведувачи кои имаат над 70 години. Истото се случува со авторите, иаме автори кои имаат 19 години и имаме автори со 82 години“ – вели Саздов.
Сите композиции кои беа и ќе се изведат на трите вечер на Макфест ќе бидат придружувани од камерниот оркестар. Како што истакна Илија Ќосевски оркестарот бил формиран од Филип Стевановски и е со тенденција да се надоградува.
„Денес и утре ќе ужива публиката, љубителите на македонската музика така да се надеваме дека ќе растеме и во иднина и ќе достигнеме од камерен оркестар да станеме оркестар.“ – вели Ќосевски.
Овогодинешното 40. јубилејно издание на Макфест започна со едноминутен аплаус и сеќавање за починатите од пожарот во Кочани. Дел од нив беа дел од Макфест, а требаше да бидат и годинава.
Лаура Стојанова Ќирчов, М-Нет