
Актуелниот шампион во одбојкарскиот шампионат, екипата на Струмица ја врати предноста во финалната серија против освојувачот на Купот на Македонија, екипата на Штип УГД, откако во третиот финален меч стигна до втората победа за 2:1.
Актуелниот шампион Струмица одигра одличен натпревар и триумфираше над штипјани со 3:1 во сетови за 25:18, 15:25, 25:17 и 25:15.
На синоќешниот меч Хенкс имаше постигнато 19 поени за Струмица, додека пак кај Штип УГД најдобар беше Задмард со 15 поени.
Четвртиот меч од плеј-офот е закажан за во Штип за четврток, доколку штипјани успеа да триумфираат и израмнат на 2:2 во финалната серија, тогаш „мајсторката“ во салата „Парк“ во Струмица ќе го одлучи победникот односно новиот шампион во одбојкарскиот шампионат.
Александар Ванев, М-Нет