Четворица повредени во сообраќајка на регионалниот пат Куманово-Свети Николе

На регионалниот пат Куманово-Свети Николе, во близина на с.Скачковце, вчера околу 15 часот се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „шевролет спарк“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од 21. годишниот М.З. од с. Скачковце, кумановско и патничко возило „бмв“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од 30 годишен кумановец со иницијали Ш.Ш.

Увид на местото на незгодата извршила екипа од СВР Куманово, а претходно четворица учесници во сообраќајната незгода биле пренесени во Клиничката болница во Куманово.