
Температури и до 35 степени до недела, но дали времето ќе биде целосно стабилно во истокот? Иако има најави за повисоки температури во наредните денови, сепак синоптичарите велат дека на повеќето места се очекува нестабилна облачност, проследена со локален дожд и поинтензивни временски процеси. Веќе од четврток следува претежно сончево и топло време, а температурите постепено ќе се искачуваат до 35 степени.
,,До крајот на седмицата во источните делови ќе преовладува топло време. Утре на повеќе места се очекува нестабилна облачност, како што веќе напоменав и наместа ќе има поинтензивни процеси, а од четврток времето ќе биде сончево со променлива облачност во текот на денот со слаби услови во југоисточните делови за појава на облачнсот. Температурите до 34 степени. “, вели Цветковска Атанасова
Пред жештините да го зафатат регионот, утре попладне се очекува нов бран на нестабилно време. Пороен дожд, силен ветер, грмежи и услови за појава на град се дел од прогнозата за повеќе делови од земјава.
,,Утре не очекува нестабилно време, во попладневните часови не очекува локална нестабилност со пороен дожв, ветер. Ќе има и услови за појава на град.
Поради променливото време и високите температури што следуваат, лекарите препорачуваат особено внимателни да бидат повозрасните лица, хронично болните и бремените жени. Се советува редовен внес на течности, избегнување подолго изложување на сонце во најтоплиот дел од денот и почесто престојување во разладени простории.
Иван Митев, М-Нет