Сточарите од делчевско подготвуваат протест, млекото ќе го подаруваат наместо да го истураат

Наместо да го истураат на улица, сточарите од Делчевско најавуваат дека млекото ќе го подаруваат на случајни минувачи за време на протестот што го подготвуваат поради ниската откупна цена. Револтот кај производителите, велат, од ден на ден е се поголем, а поддршка за протестот добиваат и од сточари од други општини и населени места. Според нив, сегашната откупна цена не ги покрива ниту основните трошоци за производство, што дополнително ја отежнува состојбата во секторот.

,,Протести ќе има, ќе излеземе сите на протест, меѓутоа млекото нема да се фрла. Млекото ке биде поклонето на сите случајни минувачи кои што ќе се дел таму на протестот, кој што ќе чекаат да се пушти патот. Ние сме спремни, имаме поддршка од сточари од други општини и села да се излезат во сусрет. Доста млади заминуваат во странство, дури и стари на 50 години.“,истакнаа сточарите

Велат дека ако не се најде решение, нема од што да живеат, бидејќи за многу семејства млекото им е единствена заработка. Ако продолжи вака, сточарите ќе мора да ги продадат стадата и да заминат надвор од државата.

,,Не се излегува на крај, во моментот и во ситуацијата во која што се наоѓаме ние сме подготвени доколку не се најде решение и средина во моментот за сите нас кои што дел од семејствата повеќето со производството на млеко тоа им е егзистенција за нивните семејства. Доколку таа гранка се укине производството на млеко, сите сточари ќе бидат приморани сите сточари своите животни да ги продадат и да заминат во странство или да бараат друга гранка. Мегутоа лугето кои што се занимаваат со оваа гранка повеќе од 20,30 години веќе е потешко да се орјентираат на друг бизнис или да пронајдат друга работа.“, велат стоачрите

Во следните 10 до 15 дена сточарите очекуваат конкретен одговор за цената на млекото, што, како што велат, ќе биде клучно за нивната понатамошна одлука и чекори.

Иван Митев, М-Нет