
Вчера на Градскиот стадион „Гоце Делчев“ во Прилеп се одигра финалниот натпревар од плеј-офот на Општинската фудбалска лига во Прилеп или Четвртата лига, каде екипата на Црвена Ѕвезда од прилепското село Сенокос стана шампион.
Во големото финале Црвена Ѕвезда преку пенал рулетот беше подобра од Кадица од село Забрчани. Регуларниот дел заврши со по еден гол 1:1.
Иле Мирчески во 31. минута од натпреварот постигна погодок за 0:1 на полувреме и водство на Црвена Ѕвезда. Во вториот дел Кадица преку Емран Имероски во 55. минута постигна гол за конечни 1:1, со што победникот се решаваше во пенал рулетот.
Во пенал рулетот за веќе новиот шампион реализираа сите петмина односно Виктор Тошески, Иле Мирчески, Филип Ачкоски, Горан Илиоски и Дејан Ѓорѓиоски, за екипата на Кадица сигурни беа Христијан Петрески, Михаил Карески и Рубинчо Седлоски, а пак не реализираше Горан Базеркоски, со што конечните исход од пенал рулетот беше 5:3 за Црвена Ѕвезда.
Шампионскиот пехар на екипата од Сенокос го врачи секретарот на ОФС Прилеп, Петре Илиоски.
Александар Ванев, М-Нет