
Поврзување на бизинс секторот со УГД Штип со поддршка на државата е целта на отворениот центар за циркуларна економија на Кампус 2. Ова значи дека се отвораат можност да се користат сите расположливи ресурси, намалување на отпадот и создавање нови работни места.
„Сакам да нагласам дека ова е втора година на постоење на овој центар и наша цел е овој центар да прерасне во платформа што ја поврзува силата на бизинсот, знаењето на универзитетите и политиките на државата. Тоа значи поворно користење на ресурси, намалување на отпадот и доздавање на нови работни места“ – вели Дуковска – Павловска.
Ова ќе значи искористување на многу ресурси кои не се доволно искористени денес, како и нови знаења за професорите и студентите. Целта е да се развиваат нови проекти во циркуларната економија.
„Студентите ќе работат со реални проблеми, ќе може да го истражуваат квалитетот на материјалите од аспект на нивните технички и механизички својства, така и од можното влијание на животната средина.“ – вели Мираковски.
Преку овој центар за развој на циркуларната економија ќе се овозможи преку инволвирањето на научната фела подобрување на перформансите на голем број фабрики.
„Оваа современа лабораторија многу значи пред се за стопанството, бидејќи тука ќе имаме на еден начин поврзување на научната фела со бизинс секторото во Македонија во интерес на циркуларната економија.“ – вели Ристески.
Околку 53 илјади евра се издвоени за финансирање на центарот на циркуларната економија, а како што посочи Ристески, тие продолжуваат и во иднина со исти заложби.
Лаура Стојанова Ќирчов, М-Нет