За новогодишната ноќ, штипјани ќе слават во домашна атмосфера

Ограничено работно време за угостителите за новогодишните и божиќни празници, забрана за прославување на новогодишната ноќ по плоштадите ширум државата, забрана за групирање на повеќе од 4 лица, без дозвола за изнајмување на викендички и приватен простор исто за повеќе лица, апел да не се излегува од домовите без причина по 18 часот, е сликата која не пречекуваа за оваа Нова година. Пандемијата постави свои правила, а ние само се привикнуваме на истите. Мерки и протоколи за заштита од ширење на Ковид – 19, маски, средства за дезинфекција, дистанца. Ова очигледно е доволно за 2020 година да не се памети во најдобар сјај. Очекувано. Но, со препораките на Комисијата за заразни болести, истата да се дочека дома, свеста кај граѓаните на Општина Штип крената на високо ниво, па поголемиот дел од нив остануваат дома.
Не делат уште 12 дена од новогодишната ноќ. Не ни преостанува ништо друго освен новата година да ја пречекаме во домашна атмосфера, со најтесното семејство, со почитување на мерките за заштита од Ковид – 19. Или со други зборови, на најдобар начин да ја испратиме оваа 2020 година.

Лаура Стојанова М-Нет