Цените на бензинот и нафтата уедначени, граѓаните се повеќе одат пеш

Цените на нафтата и бензинот во Македонија се речиси уедначени, нафтата чини 73 денари, а бензинот 75 денари. Граѓаните со слаби примања се соочуваат со сериозни предизвици во секојдневното користење на автомобилите и такси-услугите. Многумина се принудени да се откажат од возење и се почесто одат пеш за да ги намалат трошоците. Иако цените не делуваат драматично високи, но сепак нивната тежина е голема кога ќе се споредат со примањата. Се поставува прашањето колку долго ова темпо може да го издржат домаќинствата.

Според последните информации на регулаторната комисија за енергетика, цената на уросупер 95 чини 75, на еуросупер 98 77 денари, а на еуродизелот 73 денари

НазивЦенаЕдиница мераВажи од
ЕУРОСУПЕР БС – 95 75ден/л25.11.2025
ЕУРОСУПЕР БС – 98 77ден/л25.11.2025
ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 73ден/л25.11.2025
МАСЛО ЗА ГОРЕЊЕ ЕКСТРА ЛЕСНО 1(ЕЛ-1) 69,5ден/л25.11.2025
МАЗУТ М-1 HC 34,865ден/кг25.11.2025

Соопштуваат од регулаторна комисија за енергетика.

Инаку цените на нафтените деривати постојано варираат. До сега највисоки цени имше во 2022 година, кога истите стигнуваа и до над 90 денари за литар.

Иван Митев, М-Нет