Кочанската болница доби донација електрохируршки генератор кој се користи во хирургијата

Кочанската болница е прва болница во регионот која доби електрохируршки генератор. Станува збор за генератор кој може да се користи во секоја гранка од хирургијата, општа хирургија, урологија и гинекологоја до реконструктивни и специјализирани интервенции. Истиот овозможува контролирано сечење и коагулација што на медицинскиот тим му дава стабилна и безбедна енергија при различни хируршки интервенции.

„Ни се овозможи да го имаме овој апарат во кочанската. Ова е прва болница во Источниот регион која го има овој апарат и се надевам дека во иднина ќе ни послужи за изведување на посложени хируршки интервенции“ – вели Паник Мирчовска.

Дополнително овој апарат ќе биде од големо значење и за повредените од пожарот во дискотеката Пулс во Кочани, бидејќи помага во третманот на пациенти со изгореници.

„Овој генератор помогнал конкретно за пациентите кои беа засегнати од пожарот. Тој е со автоматизирана енергија ни овозможува приспособување според ткивото со цел концизно и точно отастранување на оштетените делови.“ – вели Хаџи Поповска.

Електрохируршкиот генератор е донација од сојузот на Лајонез клубовите во Македонија.

Лаура Стојанова Ќирчов, М-Нет