Отворен ден за сите заинтересирани основци за запишување во ДМУЦ „Сергеј Михајлов“- Штип

Вратите за сите заинтересирани ученици од основните училишта за упис во ДМУЦ „Сергеј Михајлов“ – Штип се отворени денеска во два временски периоди и тоа од 9:30 до 13:00 и од 13:30 до 17:00 часот. Учениците на овој отворен ден имаат можност да се запознаат со музичките инструменти, образовните профили како и да остварат контакт со наставниците, изјави директорот Горан Кавраков.

„И за нас и за нив да се запознаат со тоа што ние работиме како уметничко училиште. Поголем дел од нашите граѓани можам слободно да кажам дека не знаат дека постои основно музичко училиште, така да ги запознаеме со сите оддели со кои располагаме, пијано делот, дувачкиот оддел и гудачките инструменти и на лице место самите ученици ги видат инструментите и ја видат програмата по која можат да учат, од кое одделение секој инструмент ќе можат да го изучуваат кај нас.„ изјави Кавраков

Конкретна бројка за запишување на основците нема. Родителот на секое заинтересирано дете може да поднесе пријава за запишување, а наставниците понатаму ќе го откријат нивниот талент.

„Немаме одреден број, тоа е само за средното музичко училиште. 34 ученици во теоретскиот дел и 34 во инструменталниот оддел. Основното училиште е незадолжително, нормално секој родител секое детенце може да поднесе пријава и да пробаме да го отркиеме нивниот талент пред се и дали ќе можеме да ги задржиме затоа што музиката е битен дел за секое дете.“ посочи Кавраков

За запишување на средношколците во одделот во теоретскиот и инструменталниот дел има слободни 34 места.

Лаура Стојанова, М-Нет