
Во време на еконосмка криза и во пресрет на најавената тешка зима, младинската организација на ДОМ оргнизираше хиуманитарна акција во која се собираше облека за повеќе возрасни групи, машка, женска и детска. Бидејќи се повеќе граѓани живеат на работ на егзистенција, оваа акција е повеќе од потребна истакна претседателот на младинската организација, Александар Пандиловски додавајќи дека донацијата ќе заврши онаму каде што е најпотребно.
„Младинската организација на ДОМ денеска се одлучивме да организираме хуманитарна акција каде што ќе донираме облека. Ќе бидат опфатени сите возрасти, машка, женска облека и детска облека во време на економска криза каде се повеќе и повеќе граѓани живеат на работ на егзистенција се одлучивме на една ваква симболична акција. “ – кажа Пандиловски.
Донации на облека освен во Штип се собираа и во Скопје, Куманово и Тетово и истите беа предадени во Црвен крст за граѓаните од Истокот. Следната хуманитарна акција е планирана до крајот на месецот, донациите ќе бидат насочени во Штип, а целната група допрва ќе се дефинира додаде Пандиловски.
Лаура Стојанова М-Нет