Хуманитарен настан во Кочани по повод 3 Декември, средства ќе се наменат за помагало за децата со попреченост

Учениците од основните и средни училишта во Кочани беа дел од настанот за одбележување на 3 декември – Меѓународниот ден за лицата со попреченост. Во спортската сала во ООУ „Кирил и Методиј“ се одржа хуманитарен културно – забавен настан под мотото „Без бариери“. Настанот е од донаторски карактер и со собраните средства ќе се обезбеди помагало за децата со попреченост во СОУ „Гошо Викентиев“ Кочани.

„Оваа година повторно правиме нешто слично со тоа што средствата ќе ги насочиме кон едно училиште СОУ „Гошо Викентив“ за набавка на скалично помагало за деца со попреченост бидејќи цениме дека има голема потреба од такво нешто.“ – вели Илијевска Ѓеоргиевска .

Помагалото кое треба да се обезбеди за потребите на учениците со попреченост чини четири илјади евра. Средства се собираа на самиот настан, а оставена е и трансакциска сметка на Црвен крст Кочани каде дополнително може да се донира. Директорот, Влатко Симеонов вели дека ваквиот настан е за поздравување, а помагалото е повеќе од потребно во моментот.

„СОУ Гошо Викентиев има вклучено инклузивна настава за учениците со посебни потреби и се трудиме да го подобриме квалитетот на наставата, образованиот процес, да пристапиме кон решавање на проблемите“ – додава Симеонов.

Ваква активност беше спорведена и претходната година во Кочани ама тогаш собраните средства беа поделени во повеќе училишта на територија на Кочани.

Лаура Стојанова М-Нет