Хисејини го објави списокот – футсал репрезентацијата со контроли против Австрија во Гевгелија

ФОТО: ФФМ

Селекторот на македонската футсал репрезентација, Газменд Хисејини, го објави списокот на играчи на кои ќе смета за претстојните два контролни натпревари против селекцијата на Австрија. Дуелите ќе се одиграат во Гевгелија и ќе претставуваат почеток на подготовките за квалификациите за пласман на Светското првенство.

Хисејини на располагање ќе има 16 фудбалери, комбинација од домашни играчи и интернационалци, со што стручниот штаб ќе има можност да ја темпира формата и да ја воигра екипата пред квалификациските предизвици.

На списокот се најдоа: Антонио Петровски, Иван Стојановски, Бојан Јанев, Таулан Исмаили, Марио Благојевски, Никола Анчевски, Јасир Зекири, Игор Леовски, Тони Киревски, Јакуп Рамадани, Берат Рамадани, Иван Крстевски, Садат Зибери, Самир Вејсели, Ѓорги Коцевски и Ангел Гаштев.

Контролните средби против Австрија ќе се одиграат на 10 и 11 февруари во салата на СЦ „26 Април“ во Гевгелија, со почеток од 18 часот, и ќе бидат важен тест за формата и подготвеноста на националниот тим.

Македонија во квалификациите ќе настапи во групата Ц, заедно со селекциите на Литванија, Турција и Бугарија. Домаќин на турнирот е Литванија, а пласман во главната рунда ќе обезбедат двете најдобропласирани репрезентации.