Херојство или реално решавање на проблемите, Јорданов на средба со сопствениците на „печурките“

Вакава беше сликата утринава кај печурките во Штип еден ден откако на дел од објектите се залепија опомени дека во определен временски период истите треба да бидат отстранети од локацијата. Градоначанликот на Општина Штип, Иван Јорданов денеска на местото на настанот се обиде во разговор со сопствениците да изнајде решение за проблемите кои истите моментално ги имаат. Според него, бараките кои работат нема да бидат отстранети од ова место. Стравовите на сопствениците се неосновани, бидејќи никој нема да остане без работа и егзистеницја.

„Додека сум јас градоначалник нема да дозволам ниту еден од овие луѓе кои работат, егзистираат овде да остане без работа и на улица. Затоа сум денеска овде да поразговарам со загрижените граѓани кои во текот на вчерашниот ден добиле таква информација. Тоа што се случуваше во текот на вчерашниот ден е редовна процедура на известување на сопственици на нефункционални објекти што ги има на територија на Општина Штип да бидат отстранети. Не станува збор дека луѓето кои работат и егзистираат овде треба да останат без работа“ – кажа Јорданов.

Спортивно на ова комуналниот инспктор Борче Везенков во текот на вчерашниот ден за М-Нет кажа дека во блиска иднина ќе се разговара и со сопственицте на дуќаните кои работат да се најде решение каде да се дислоцираат нивните објекти.

„Во блиска иднина ќе бидат контактирани и лицата кои работат, односно фирмите кои добро работат овде за да се изнајде нивна дислокација и договор каде ќе се отстрануваат“ – кажа Везенков.

По денешната средба на Јорданов со сопствениците, согласни се и едните и другите дека решение треба да има, но во интерес на граѓаните.

Јорданов во оваа прилика ја демантираше шпекулацијата дека на ова место во иднина ќе се гради зграда. Според него тоа нема да се случи. Дополнително истакна дека неговата визија за градот под Исарот е истиот да прерасне во модерен и урбан град и тој ќе работи на тоа.

Лаура Стојанова М-Нет