Футсал Прва лига: Дупли програм во Штип,Мал Ајакс денес ќе игра со Карадаку а Астибо вечерва со Проект Цико

Футсал првенството во Првата лига на Македонија е во самиот крај, односно на програмата се натпреварите од последното есенско коло. Веќе се одигра еден натпревар од овоа 11 коло и во Скопје тимот на Јувентус Серава ја победи екипата на Велес со резултат 9:3 со што засега е на 5 место со 18 освоени бодови,а Велес е на 7 место со 12 бодови. Денес на програмата ќе бидат 5 натпревари меѓу кои и средбите во Штип.

Најпрвин тимот на Мал Ајакс во салата Тошо Арсов со почеток во 16.00 часот ќе се сретне со екипата на Карадаку. Мал Ајакс сеуште е на последното 12 место со 2 бода,додека екипата на Карадаку се наоѓа на 6 место со 15 бодови. Во останатите 4 средби денес се среќаваат:

  1. Црна Река – Шкупи
  2. Железарец – Кеги Моби
  3. Арбен Бајрами – Кратово

Есенската Футсал завеса ќе се спушти вечерва во Штип кога ќе се сретнат екипите на Астибо која моментално е на 9 место со 8 бодови и на моменталниот лидер на табелата, екипата на Проект Цико од Валандово кој има 28 бодови. Овој натпревар ќе се одигра во спортската сала Тошо Арсов во Штип со почеток во 19.00 часот а како и досега според протоколот сите натпревари ќе се одиграат без присуство на публика.

Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk