Футсал: Висока победа на Мал Ајакс а порази на Астибо и на Кардшлк

Футсал второлигашите на Македонија ги одиграа натпреварите од редовното 4 коло во кое штипските екипи играа со променлив интензитет. На локалното дерби во Штип екипата на Кардшлк како домакин доживеа вистинска катастрофа од тимот на Мал Ајакс иако и тие имаа шанси да постигнат повеќе од еден гол. Домашните играчи ја повторија грешката од минатите натпревари,премногу комплицираа и играа индивидуално без да додаваат топка на свој соиграч кој беше во идеална позиција, правеа грешки а играчите на Мал Ајакс тоа веднаш го казнуваа со постигнување на гол. Резултатот 1:13 е преголем, но нека биде тоа поука за играчите на Кардшлк во понатамошниот тек од првенството да играат колективно. Првиот дел заврши со резултат 1:10, за да во второто полувреме паднат само 3 гола и тоа во мрежата на Кардшлк. Во ова коло изненадува високиот пораз на Астибо на дерби дуелот против прволпласираниот Кеги Моби во Велес, но информациите велат дека штипјани настапиле со преполовен тим во кој поради болест не настапиле стандардните првотимци. Им посакуваме побрзо закрепнување. Еве ги комплетните резултати од ова 4 коло:

  1. Кардшлк – Мал Ајакс 1:13
  2. Црешово топче – СЕЕ Универзитет 3:4
  3. Проект – Конзули 2:9
  4. Клими – Овче Поле 4:3
  5. Велешта – Форца 3:5
  6. Кеги Моби – Астибо 8:1

ТАБЕЛА

  1. Кеги Моби 12
  2. Конзули 12
  3. Астибо 9
  4. Мал Ајакс 8
  5. Форца 8
  6. Клими 7
  7. Сее У 6
  8. Овче Поле 4
  9. Велешта 3
  10. Проект 0
  11. Ц.Топче 0
  12. Кардшлк 0

Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk