„Македонскиот Бисер“ за Нуров, а за борачите на Балканец три медали

Градот Струмица беше домакин и технички организатор на 45 – традиционална ревија во Борење „ Македонски бисер“која годинава поради пандемијата беше значително намалена со бројност на натпреварувачи. Годинава трофејот за најдобар борач му припадна на борачот Могамедгаџи Нуров кој се бореше во категоријата до 125 кг. Боречкиот клуб Балканец се престави со тројца борачи и сите освоија медал. Владимир Егоров освои златен медал во кат. до 61 кг., Фадил Назифов беше „сребрен“ во кат. до 92 кг. а Серхан Шаќиров освои бронзен медал во кат. до 74 кг.

Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk