
Фудбалските прволигаши во сабота ќе ги одиграат натпреварите во рамките од 10 коло на ПМФЛ во кое на „градски“ во Штип ќе се сретнат екипите на Брегалница и на Македонија ЃП. Штипските сини засега се на 7 место на табелата со 13 освоени бодови, додека пак тимот на Македонија ЃП е на 8 место со 10 освоени бодови. Веќе се одредени и официјалните лица за натпреварите од ова коло во кое во Штип ќе суди судиска тројка од Кичево. За главен судија е делегиран Александар Грујоски, прв помошник ќе му биде Лика Куштрим,втор помошник Зоран Јанкуловски а четврти судија ќе биде Влатко Илиоски од Прилеп. За Контролор е делегиран Мендо Дивитаров од Битола а Делегат ќе биде Иван Путилин од Скопје. Поради локалните избори натпреварот Брегалница – Македонија ЃП ќе се одигра во сабота 16 октомври 2021 г. со почеток во 14.00 часот.
Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk