Фудбалската експедиција на Македонија се врати од Амстердам

F

Фудбалска репрезентација на Македонија денес се врати од Амстердам по одиграните три натпревари на историското прво учество на Европското првенство. Заеднички во Aвионот на Croatia Airlineс се најдовме и ние новинарите како и членовите на раководството на ФФМ. Летот Амстердам – Скопје мина пријатно и удовно во една атмосфера која треба само да се доживее. Очигледна беше малата непријатност кај самите фудбалери пред несекојдневната „публика“ се до моментот кога новинарите почнаа да им приоѓаат, да им честитатаат на историскиот пласман и секако за играта со која си отворија нов пат кон своја лична афирмација.

Со златни букви треба да се напише за ваквиот успех на оваа генерација на чело со веќе „пензинираниот“ Горан Пандев. Се изнајде гитара, се разлеа песна, низ цел авион одекна „Бисер Балкански“ се рашири насмевка на нивните лица што бешев доволен сигнал дека новинарите се на нивна страна, на страната на херојскиот подвиг кој толку беше неопходен за оваа генерација на фудбалери. На аеродромот во Скопје фудбалерите беа пречекани од голем број фоторепортери и новинари каде што паднаа и првите импресии за она што се случуваше во Букурешт и Амстердам. Нашите играчи одиграа фајтерски, без бојазност од противничките репрезентации, не постигнаа победа,

но постигнаа два гола, погодија и стативи и ги добија симпатиите на фудбалската јавност. Во една френетична атмосфера на дело се покажаа и македонските навивачи кои направија вистински дар – мар по улиците и рестораните во Букурешт и во Амстердам а на трибините ги собраа сите аплаузи за фер и коректното навивање. Ова европско е крај за репрезентатвната кариера на Горан Пандев и на уште неколку фудбалери, заминува и селекторот Игор Ангеловски, но остануваат некои нови „дечки“ кои се веќе страв и трепет за многу други селекции и квалификациите за Светско првенство се првиот нивни предизвик. Голема чест и привилегија имавме и ние како спортска редакција на Мнет ТВ која директно информиравме од настаните од Букурешт и од Амстердам со една голема благодарност кон раководството на ФФМ предводено од Претседателот Муамед Сејдини и особено портпаролот Златко Андоновски кои ни овозможија да бидеме дел од новинарските екипи кои пак функционираа како најпрецизен часовник.

Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk