
Со цел младите виничани да има каде да тренираат и спортуваат пред осум години се создава клубот за боречки вештини Лидер. Од тогаш до денес од овој клуб и од еден мал град како Виница излегле голем број успешни спортисти.
„Со оглед на тоа дека сме од мало место можаме да се пофалиме дека имаме доста значајни и добри резултати. Имаме неколку кикбокс и карате шампиони на Македонија исто така имаме и Балкански шампиони во истите дисциплни, во сите возрасти и различни категории. Планираме да продолжиме и понатаму со оглед на добрите резултати“ – истакна Тренерот Драко Гоцевски.
Од почнувањето со работа на овој клуб до денес се бележат само добри резултати, а пример за тоа е и признанието за најдобар тренер и најдобар спортист.
Гоцевски освен што е тренер во клубот Лидер, тој истовремено е вклучен и во Израелскиот начин на самоодбрана во државата.
Групите на спортисти во боречкиот клуб Лидер бројат по околу 50 членови, а има разни возрасни категории.
Лаура Стојанова М-Нет