
Второлигашот Слога од Виница ги започна подготовките за пролетниот дел од Втората македонска фудбалска лига.
Шефот на стручниот штаб Крсте Крстев на вчерашната прва прозивка на располагање имаше 25 фудбалери, додека пак во следните денови оваа бројка ќе се зголеми со неколку нови засилувања кои дополнително и официјално ќе бидат промовирани.
Подготовките ќе се одработат во Виница, а клубот закажа и пет пријателски натпревари против прволигаши и второлигаши. Челниците на клубот во моментот работат на обнонување на соработката со неколку фирми од државата со што Слога ќе има дополнителна финансиска поддршка во пролетниот дел.
Како што веќе претходно објави телевизија М Нет, Слога до овој момент се засили со голманот Горан Трајковски, Јован Дојчинов, Драган Паунов, Борче Ужевски и Давид Бошески.
Слога пролетниот дел го отвара на домашен терен против велешки Борец.

