(Фото) Започна целосната реконструкција на „Бутелска“ и „Радишанска“

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски извести дека започнала целосната реконструкција на улиците „Бутелска“ и „Радишанска“.

„Кога заедно со Дарко Костовски ја баравме довербата од граѓаните, дадовме јасно ветување, дека во текот на мојот мандат, овие две значајни улици во Бутел ќе бидат целосно реконструирани. Денес, за неполна година од преземањето на одговорноста, долгогодишното барање на жителите веќе станува дело.

Градежните активности се започнати, а со нив доаѓа и крајот на долгото чекање за подобри услови во своето маало! Реконструкцијата опфаќа нов асфалт, нови тротоари и нова атмосферска канализација. Тоа значи побезбедно движење, уредени улици и решавање на проблемите со кои граѓаните се соочувале со години. Основни услови за достоинствен живот што секое маало ги заслужува!

Истовремено, во Бутел го градиме и мега-паркот на 86.000 м², огромна зелена површина што ќе стане ново место за прошетки, детска смеа, рекреација и заеднички семејни моменти. Во тек е и процесот за изградба на кружниот тек, како и уредувањето на речното корито на Серава“, кажа градоначалникот.

Текстот (Фото) Започна целосната реконструкција на „Бутелска“ и „Радишанска“ е превземен од МАКФАКС.