
Екипата на Башкими со минимални 0:1 славеше на Градскиот стадион во Штип над Брегалница, во рамки на последното 30. коло на Втората македонска фудбалска лига.
За Башкими победата беше повеќе од важна, минимална но голема победа, а која беше прославена со публиката и верните навивачи кои допатуваат од Куманово со цел да му дадат поддршка на Башкими во Штип.
По мечот, прославата на победата екипата на Башкими ја прослави со македонско и албанско знаме, со што уште еднаш потврди фудбалот ги обединува сите.