
За новата сезона и предизвиците кои следат ФК Пелистер започна со екипирање и денеска беше продолжен договорот на 32- годишниот Александар Ристевски, кој е еден од лидерите на тимот и тој ќе ја предводи одбраната и во сезоната 2025/26.
Ристевски има богата прволигашка кариера зад своето име, настапувајќи за Металург, Скопје, Победа, Пелистер, Ренова, Струга Трим Љум, Работнички и Брера во македонскиот шампионат, како и за екипата на Влазнија во албанското првенство.