
ФК Новаци официјално го промовираше своето најново засилување пред продолжението на сезоната. Нов член на сино-жолтиот тим е Мартин Пивковски, кој во Новаци пристигнува од редовите на Детонит Плачковица.
Пивковски ќе настапува со дресот со број 33, а од него се очекува да донесе дополнителна енергија, борбеност и квалитет во играта на ФК Новаци. Станува збор за фудбалер кој веќе има солидно искуство и кој со своите настапи во претходниот клуб го привлече вниманието на стручниот штаб.
Од клубот изразуваат задоволство од договорот и веруваат дека новото засилување брзо ќе се вклопи во екипата и ќе даде значаен придонес во остварувањето на клупските цели.