ФК Кожуф со соопштение: Во овој момент ги отфрламе обвинувањата кон ФК Кожуф и играчите!

После вчерашниот натпревар кој се одигра во Гевгелија меѓу Кожуф и Башкими, а кој заврши со резултат од 1:2, а голот на Башкими во 94. минута крена многу прашина во јавност, за што реагираше и ФФМ преку соопштение и министерот за спорт, Борко Ристовски, со соопштение се јави и ФК Кожуф.

„Во рамките на 28-коло од ВМФЛ на градскиот стадион во Гевгелија се одигра натпреварот помеѓу ФК Кожуф и ФК Башкими кој заврши со резултат 1:2. По завршувањето на натпреварот во јавноста имаше силни реакции во однос на залагањето на дел од играчите од нашиот тим. Во овој момент ги отфрламе обвинувањата кон Фк Кожуф и играчите. Доколку истрагата од надлежните органи утврди нерегуларности на овој натпревар виновниците нека бидат најстрого казнети“, се вели во соопштението на ФК Кожуф.

Кожуф имаше водство од 1:0, а потоа Башкими преку пресврт дојде до триумф од 1:2.