
Прв концерт на штипскиот џез оркестар Астибо Биг бенд, кој ќе го врати духот на џез музиката на сцената во домот на културата Ацо Шопов во Штип. Еден од основачите, Горан Кавраков пред камерите на М-Нет телевизија најави богата и доста позната програма за љубителите на џезот на 3 јуни годинава. Со почеток од 19:30 минути и влез од 300 денари, основачите ги поканија штипјани, а оркестарот со композициите, ќе ги стоплат срцата на посетителите.
,,Премиерниот концерт е закажан за 3 јуни во 19 и 30 часот во домот на културата Ацо Шопов во Штип. Програма ќе биде позната за граѓаните, која што ќе биде прифатлива. Работиме напорно, музчарите работиме на пробите. Работиме со љубов. Како што Скопје има национален џез оркестар и Штип заслужува да има ваков оркестар од ваков тип. Целта ни е еден ден ова стане институција, каде што ние како музичари, но и многу други млади да имаат каде да се развиваат, па и да работат.“, рече Кавраков
Концертот е насловен како Ин д Муд, а на истиот учество ќе зедат 20 инструменталисти и еден вокал, додава Кавраков
,,Самиот концерт е насловен како ,,Ин д Муд“. Членови , како што и секој бенд имаме 5 сексафони, 4 труби, 4 тромбони, 2 флејти и ритам секција. Околу 20 инструменти и плус еден вокал. Ги покануваме сите сограѓани.“, додава Кавраков
Инаку, Овој бенд е формиран оваа година, за прв пат во Штип после далечната 60 година, кога и постоил првиот биг бенд. Во моментот се вршат последините подготовки и проби за предвидениот и спектакуларен концерт.
Иван Митев, М-Нет