
Кит-го се врати „дома“. Во новата пролетна сезона ќе продолжи да игра со новото име ФК Пехчево. Согласност за промена на името дале и спонзорот и Општина Пехчево, Барањето го прифатиле и комисиите на Фудбалската федерација на Македонија.
Новото име- ФК Пехчево веќе е прифатено и од Централниот државен регистар на Македонија. Во фудбалската историја, овој клуб ги менуваше имињата во ФК Пехчево, Напредок.