
За улицата во село Владимирово, беровско сеуште се во тек ангажманите на самите тамошни жители за нејзино асфалтирање. И по неколкуте стории за оваа улица, од надлежните нема никакво решение. Но, маката на граѓаните е неизбежно голема, бидејќи секојдневно се соочуваат или со кал или со прашина. Дел од нив живеат таму, останатите догаѓаат повремено, односно доаѓале, но состојбата со улицата го сторила своето па секое доаѓање за нив претставуваа се поголема мака. Барање до надлежните како што велат граѓаните имало испраќано неколку пати, а одговор и решение нема.
За оваа улица од едвај 150 метри се бараше решение и при паѓањето на првиот снег, кога жителите не можае да излезат ниту до продавница и да ги задоволат основните потреби. По топењето на сенгот пак останаат само бразди од земјоделска механизација, тракторите кои единствено можеа да се движат таму. Денеска проблемот е ист. Одговор побаравме и од градоначалникот на Берово, Пеќевски. Тој во телефонска изјава за Мнет телевизија истакна дека годинава сеуште никој се нема обратено да побара решение за оваа улица, но и дека истата не се наоѓа во приоритетните места за асфалтирање за оваа тековна 2021година.
Жителите од улица „Димитар Влахов“ од село Владимирово, беровско апелираат уште еднаш до надлежните да се најде решение за нивната улица.
Лаура Стојанова М-Нет