
Одличен почеток во новата сезона за “штипските сини”. ФК Брегалница триумфално се враќа од тешкото гостување во Струмица. Академија Пандев поведе со 1:0 во 16 минута преку Јоковиќ. Со овој резултат се отиде на полувреме. Брегалница израмни на 1:1 во 57 минута преку Додев. Конечниот резултат 1:2 беше постигнат во 62 минута со голот што го постигна Ристевски. На крајот на натпреварот играчите на ФК Брегалница ја прославија победата со навивачите на клубот “Фаланга”.