ФК Брегалница доби финансиска инјекција од општина Штип од 15 милиони денари!

Фудбалскиот клуб Брегалница кој се натпреварува во Втората македонска фудбалска лига доби финансиски инјекција од општина Штип во висина од 15 милиони денари. Предлог точка која се најде на денешната седница на Советот на општина Штип.

„Врз основа на член 46 и член 21 став 1 точка 25 од статутот на општина Штип, бараме Советот на општина Штип да донесе одлука за одобрување на финансиски средства за финансирање на фудбалскиот клуб Брегалница во износ од 15 милиони денари. Со оглед на тоа што општина Штип е единствен акционер во акционерското друштво Брегалница 2008 Штип, бараме Советот да ги одобри овие средства за да може фудбалскиот клуб нормално и непречено да функционира“, истакна Вишна Шорова Ангелова, секретар на општина Штип.

Штипските „сини“ се подготвуваат за пролетниот дел, а во кој ќе целат кон влез во Прва лига. Есенскиот дел Брегалница го заврши на третото место во Втора лига со три бодови помалку од лидерот Охрид, а досега тимот се засили со Бојан Рајков, Јорданчо Наумоски и Костадин Капсаров.

Александар Ванев, М-Нет