Штипскиот стратег Емил Грнев го презема тимот на Санта Луција од Малта, негов помошник Борче Постолов од Штип

Штипскиот стратег Емил Грнев ќе биде нов предвоник на фудбалскиот клуб Санта Луција од Малта, клуб кој се натпреварува во второлигашкиот шампионат на Островот.

Грнев ќе има нов предизвик во неговата кариера, а претходно ја водеше Слога Виница, Кит Го од Пехчево и штипска Брегалница. Прв асистент на Грнев ќе биде штипјанецот Борче Постолов, а покрај него во стручниот штаб ќе биде и Португалецот Рубен Круз кој има големо искуство како аналитичар.

Грнев го наследува тимот на 11. место, а пролетниот дел започнува веќе викендот кога штипјанецот ќе го има своето деби на клупата на овој тим. Санта Луција во рамки на првото пролетно коло ќе игра против составот на Мелита, тим кој е на високото трето место.

Во ростерот на Санта Луција има и македонски фудбалери, тука е искусниот напаѓач Филип Петковски, како и стоперот Андреј Кировски, а познато име за македонскиот фудбал кое настапува во тимот на Грнев е Масаки Тахакара, кој во минатото беше дел од поранешниот македонски прволигаш Гостивар.

Грнев заедно со неговиот асистент Постолов веќе се на Осторов, официјално е потпишан договор за соработка и веќе работат со новиот тим, кој го подготвуваат за пролетните предизвици.

Александар Ванев, М-Нет