УЈП утврди по три неправилности во Берово и М. Каменица, спроведени 154 контроли за фискализација

УЈП со казни на терен, утврдени неправилности и затвори пет субјекти. Во периодот од 21 до 27 јули 2025 година, Управата за јавни приходи (УЈП) спроведе вкупно 154 теренски контроли за фискализација, насочени кон различни типови деловни субјекти, меѓу кои: ресторани, кафе барови, слаткарници, колонијали, продавници за облека и накит, месарници, цвеќарници, рибници туристички агенции, хотел и други трговски објекти за продажба на мало.

„Контролите беа реализирани низ државата во повеќе градови, меѓу кои и туристичките места каде во летниот период има зголемена фреквенција на туристи. Од 154 контролирани субјекти, кај 34%, односно кај 52 од контролираните се утврдени неправилности согласно Законот за регистрирање на готовински промет. За утврдените неправилности донесени се 52 прекршочни санкции – глоби, кои ќе бидат одмерени согласно големината на субјектот. Кај пет даночни обврзници, поради повторено неиздавање фискални сметки во рок од две години, изречена е мерка за привремена забрана за вршење дејност. Привремено затворање на објекти е изречено за три субјекти во Охрид, еден во Гостивар и еден во Струга.“ – стои во соопштението од УЈП.

Во Штип, Македонска Каменица и Берово извршени се 15 контроли и утврдени се по 3 неправилности во Македонска Каменица и во Берово;

Апелираме до сите даночни обврзници да постапуваат совесно и согласно законските прописи, со цел да придонесат кон зајакнување на даночната усогласеност и унапредување на даночната дисциплина во државата.велат од УЈП. Додаваат дека проверките ќе продолжат и во наредниот период.

Лаура Стојанова Ќирчов, М-Нет