Уште едно слободно место во Трета лига – Север, Бујковци против Беса од Сарај

Останува уште едно слободно место за влез во Третата македонска фудбалска лига – Север за новата сезона 2025/2026.

Досега се промовирани три нови третолигаши. Екипата на Студеничани влезе директно во Трета лига – Север без да игра бараж, додека пак екипите на Отља и на Лопате преку баражи обезбедија влез во Трета лига – Север.

Поразени екипи од овие баражи односно Бујковци и Беса од Сарај веќе во четврток ќе играат нов бараж, а победникот од овој бараж натпревар ќе биде последниот патник во Трета лига – Север за следната сезона.

Поради влезот на Шкендија Арачиново од Трета лига – Север во Втора лига се отвори уште едно место за влез во третолигашкото друштво, токму затоа ќе се одигра уште еден бараж натпревар од поразените екипи, а победникот од истиот ќе биде последниот третолигаш за новата сезона.

По одигрувањето на баражот ќе бидат познати сите екипи кои ќе бидат дел од Трета лига – Север во новата сезона 2025/2026.

Влезот во Трета лига – Север за разлика од останатите третолигашки региони е најтежок, а овој регион важи и за најквалитетен каде практично оди многу тешко и борбата за опстанок.

Александар Ванев, М-Нет