Уште еден месец до затварање на летниот преоден рок во мак-фудбалот!

Останува уште неполн месец до затварање на летниот преоден рок во македонскиот фудбал. Екипите ќе имаат време до 6 септември да вршат регистрација на нови фудбалери за сезона 2025/2026 по што ќе се затвори летниот преоден рок.

Инаку, летниот преоден рок започна на 15 јуни, а истиот е отворен до 6 септември, тој е подолг во однос на зимскиот преоден рок, а кој се отвара на 15 јануари, а се затвара на 11 февруари.

Клубовите во македонскиот фудбал и во машка и во женска конкуренција се активни на трансфер пазарот.

Првата македонска фудбалска лига започна вчера со натпреварот во Тетово меѓу Шкендија и Шкупи, како и со „вечното дерби“ меѓу Вардар и Пелистер кое синоќа се одигра под рефлектори.

Првата женска фудбалска лига започнува на 17 август со натпреварите од првот около, а пак Втората лига започнува на 23 август со мечевите од првото воведно коло.

Новата сезона во Трета лига започнува различно во секој регион, но најчесто на 7 септември и на 15 септември.

Александар Ванев, М-Нет