Училиштата во Штип и Карбинци се целосно загреани, грејната сезона е во полн ек

Училишните радијатори се веќе вклучени, сите училишта во Штип стартуваа со греење. Грејната сезона официјално започна на 15 октомври, а училиштата навреме обезбедија потребни количини на нафта. Таму каде што има услови, се користи и алтернативно греење, со помош на клима-уреди. Од општината порачуваат, учениците се безбедни и уверуваат дека нема да седат во ладни училници.

,,Грејната сезона од 15 октомври веќе започна и сите училишта на ниво на Општина Штип и основните и средните се подготвени за новата грејна сезона, а тоа значи дека има доволни количини на нафта за греење на чилиштата. Сите се започнати со греење, со тоа што некои се на алтернативно греење, односно се вклучуваат клима уредите, бидејќи има училишта кои што се речиси климатизирани, како што е училиштето Славејо Арсов, каде што секоја училница има своја клима, така што на тој начин се започнуца греењето. Меѓутоа како ќе доага сезоната и ќе станува поладно, ќе може да се вклучи и парното греење. Никогаш училиштата не го прекинуваат греењето. Доколку надворешните услови не се добри за таа работа.“, рече Санева

Покрај во Штип, грејната сезона е вење почната и во општината Карбинци. Од таму велат дека поголем дел од училиштата се затоплуваат на парно, а дел се веќе климатизирани.

,,Да апсолутно веќе е стартувана оваа грејна сезона. Повеќе од две недели во делот на потплачкчковичките населени места. Општината Карбинци како и училиштето Страшо Пинџур со сите подрачни училишта, а и детската градинка во Таринци сите сме веќе опремени целосно а грејната сезона. Поголем дел од училиштат во општината системот на загревање е на парно, а дел се климатизирани.“, рече Паунов

Општините Штип и Карбинци, гарантираат дека греењето е целосно обезбедено и дека учениците ќе учат во топли училници. Со навремено пуштање на грејната сезона, наставата ќе тече непречено и во пријатна атмосфера. Топлината и комфорот се приоритет за секое дете во училишта на овие две општини.

Иван Митев, М-Нет