
Училишната кошничка овозможи заштеда од 750 до 2000 денари по ученил од семејство. Од страна на министерството за економија и труд посочуваат дека со оваа кошничка намалувањето на цените на производите беше околу 20-50 отстот или во просек од 25 до 30 проценти. Заштедата по ученик е околу 750 до 2000 денари. Како екомоска мерка, училишната кошничка беше воведена на 3 ти септември , а во неа се опфатија училишните предмети потребни на учениците како : училишни чанти, прибори, тетратки, блокови, моливи и пенкала, гуми за бришење, фломастери и боици, линијари, острилки, шестари, марекри, мрсни водени и темперни бои, четки и дидактички материјали. Целта на ваквата мерка беше продажбата на овие производи биде со прифатлива цена за потрошувачите, имајќи во предвид нивните примања. Мерката за училишната кошничка имаше рок на траење и истата заврши на 20 ти октомври годинава и според заменик министерот Марјан Ристевски, по самото завршување владата ќе излезе со официјали податоци за заштедата по оваа основа. Со ваквата ситуација од една страна се овозможи нормални и пристапни цени на сите семјества, се со цел оберзбедат на своите деца потребните прибори за во училиште.
Лаура Стојанова, М-Нет