Утринава без струја остана струмичката болница

Утрово околу 06:30 часот искршено дрво во дворот на Одделот за неврологија и психијатрија во Медицинскиот центар во Струмица предизвика прекин на електричната енергија, информираат од Територијалната противпожарна единица на Струмица.

-Дрвото паднало под притисок на снегот, а во отстранувањето учествувавме со едно противпожарно возило и тројца пожарникари, при што со моторна пила дрвото беше исечено и отстрането и со тоа им овозможивме на екипите на ЕВН да ја вклучат струјата, дополнуваат во информацијата струмичките пожарникари.

Ова утро во Струмица се измерени над пет сантиметри снег, кој продолжи да врне во текот на денот, но не предизвикува проблеми во сообраќајот и движењето на граѓаните.