
Прскањето против комарци во општините од Истокот продолжува и понатаму. За утре е закажано прскање против комарци и во Штип и во Кочани, информираат од Oпштините.
Од Општина Штип известија дека прскањето е закажано за утре, вторник, 7 септември, во периодот од 01 до 07 часот наутро, преку овластена фирма.
„Со дезинсекција ќе бидат опфатени зелените површини во Општина Штип, подрачјата по течението на реките Брегалница и Отиња и подрачјата околу каналниот систем на територијата на општината, урбаните населби и локалитети.“ – додадоа од општината.
Во Кочани прскањето е закажано за 7 и 8 септември во раните утрински часови и ова е шестто прскање против комарци овде.
„Со превентивна дезинсекција ќе бидат опфатени површините во градското подрачје на Кочани и низинските села што припаѓаат на територијата на Општина Кочани.“ – истакнаа од Општина Кочани.
Во известувањата и од двете општини се наведува дека доколку временските услови се непогодни, прскањето ќе се спроведе наредниот поволен ден. Истовремено се упатува апел до пчеларите навремено да си ги заштита своите пчелни семејства.
Лаура Стојанова МНет