Утре ќе се открие споменикот на св. Кирил и Методиј на местото на некогашното училиште во Штип

На ова место до црквата „Св. Никола“ во Штип во централното градско подрачје се наоѓало основното училиште „Св. Кирил и Методиј“. Некогашната слика не е иста денес откако истото било затворено, ама овде се наоѓа нов споменик на сесловенските просветители „Кирил и Методиј“. За ваквото идејно решение на Локалната самоуправа на оваа крстосница прво беше изграден кружен тек со цел побезбеден сообраќај во овој дел од градот, а потоа се работеше на споменик на светите браќа кој ќе биде сведок за некогашното училиште, но и за градот Штип како образовен град во кои учителствувале многу учители. Споменикот се подготвува веќе неколку месеца, а утре истиот ќе биде откриен по повод 24 Мај, Денот на сесловенските просветители.