
Утре 6 септември со почеток од 17:05 часот ќе започне 21. „Марш за ангелите“ во Кочани. Семејстватаа на загинатите од пожарот во дискотеката „Пулс“, со фотографии во рацете и надеж за правда и утре ќе маршираат по кочанските улици. Маршот ќе се одвива по веќе реализирана и позната рута, започнувајќи од градскиот парк во Кочани, трговскиот центар, општинската зграда, полицијата, завршувајќи пред Судот и Јавното обвинителство во Кочани.
-Ве известуваме дека „Маршот за ангелите“ единствено е организиран од семејствата на починатите и повредените во пожарот во Кочани и ги замолуваме сите граѓани да го почитуваат ова и да не се приклучуваат доколку целосно не го прифаќаат и поддржуваат маршот и неговата реализација, стои во писменото известување испратено до медиумите.
Семејствата на починатите од пожарот во дискотеката Пулс во Кочани маршираат со цел да добијат одговори и вистинска реална правда за нивните деца.
Лаура Стојанова Ќирчов, М-Нет