Утре започнува судењето за најголемата трагедија во државата – пожарот во дисоктеката во Кочани

Утре започнува судењето за најголемата трагедија во државата – пожарот во дискотеката Пулс во Кочани. На обвинителна клупа ќе седнат 34 физички и три правни лица. Првото рочиште е закажано за во 9:30 часот во судницата во КПУ Затвор Идризово со засилени безбедносни мерки и присуство на лекарска екипа.

Процесот ќе го води судијката Диана Груевска Илиевска, а обвинителството ќе биде застапувано од проширен тим од 15 јавни обвинители, со цел да се обезбеди ефикасна и фер постапка.

Обвинителниот акт опфаќа тешки дела против општата сигурност, меѓу кои и сериозни пропусти во организацијата на обезбедувањето на објектот.

Помеѓу обвинетите се сопственици на локали, управители, инспектори, градоначалници, членови на обезбедување и државни службеници.

Родителите на загинатите од пожарот во Пулс масовно во саботатамаршираа во гласвниот град, гласно барајќи правда за нивните починати деца. Неколкупати до сега потенцираа дека ќе бидат дел од судењето за пожарот, со цел да се одговара за катастрофалниот пожар кој се случи на 16 Март годинава.

Тогаш животот го загубија 63 лица, а околу 200 беа повредени додека половина од нив беа на лекување во странство.

Инаку предвидено е секоја недела да се одвиваат по две рочишта неделно, до крајот на месец декември.

Лаура Стојанова Ќирчов, М-Нет