Вчерашната ноќ, спасувачка за екипите на ЦУК, кон крајот на вчерашниот ден започнала потрага по пријавено исчезнато лице на планината Плачковица. Имено станува збор за лице на возраст од 66 години, потрагата по изгубеного лице завршила успешно, по пронаогање од околу еден час пријавиле спасителите од Доброволната панинска спасувачка служба „Осогово” Кочани.
„Конкретно, кон крајот од денот – во 18:00 часот, на Единствениот број за итни случаи 112 во ЦУК беше добиена информација за исчезнато лице на 66 годишна возраст. Лицето заедно со негов пријател дента се упатиле по пешачката патека кон езерото Дивичев Вир на планината Плачковица. Но, при крајот на денот, пријателот се вратил дома, а 66-годишниот не, бидејќи се изгубил во планината. Случајот бил веднаш пријавен во Полициската станица во Кочани. Во потрагата на лицето прво се вклучиле членови од неговото потесно семејство. 3а итниот случај од ЦУК биле известени ДЗС од Кочани и Горска служба, а на потрагата се приклучиле и други субјекти од локалната самоуправа.“- изјавиа од ЦУК
Од ЦУК информираа дека пред полноќ е пронајдено исчезнатото лице некаде околу 22:50 минути кое беше за пријавено за исчезнато некаде околу 18:00 часот. Екипите од спасувачката служба истакнаа дека лицето било пронаідено во добра здравствена состојба, но поради долгиот престој на студеното време во планината, истото било згрижено, затоплено и спуштено до с.Зрновци.
Лаура Стојанова, М-Нет