Уредено дворно место, нова кујна и теретана – ТППЕ Штип по 30 години добива лик кој го заслужува

Нов обновен изглед добива ТППЕ Штип. По повеќе од три децении обновено и бетонирано е дворното место, со што се подобрува изгледот пред зградата но и условгите за работа на пожарникарите.

„По подолго време во зградата на противпожарната единица во Штип е променето дворното место. Со помош на Општина Штип, ЈП Стипион и нашиот колега Александар Горгиевски преку неговата хуманитарна организација ете успеавме дворното место да го уредиме и да го избетонираме.“ – вели Коцев.

Промени има и во внатрешноста на зградата, односно променети се прозорците, обновени се неколку простории, а истите се целосно уредени. Пожарникарите по подолг временски период имаат нова кујна теретана и услови кои ги заслужуваат.

„Последната година поставени се нови прозорци, ролетни, клими, нова кујна. Исто во соработка со Општина Штип, после 20 години пожарникарите имаат нова кујна, нова теретана, телевизиори во секоја просторија, обновен под. ТППЕ Штип полека но сигурно го собива својот сјај“ – додаде Горгиевски.

Со поставување на изолација и фасада ТППЕ Штип ќе добие целосно поинаков и лик кој го заслужува, а пожарникарите соодветно и модетно место за работење, истакна во оваа прилика командирот Коцев.

Лаура Стојанова М-Нет